Серхио Перез потпиша нов договор со Ф1 тимот на „Ред Бул“
Серхио Перез потпиша нов двегодишен договор со својот сегашен „Ред Бул“ по силниот почеток на сезоната и покрај неговите потпросечни перформанси во последните два тркачки викенди.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Перез минатата година успеа да заврши на второто место во доминантниот болид „РБ20“, што е најголем успех во неговата кариера, а пет од шесте победи во Формула 1 оствари со „Ред Бул“.
Оваа година Перез го имаше второто место кај возачите зад Макс Верстапен по првите шест трки, но по двата лоши викенди во Имола и Монако, во кои освои само четири бода, падна на петтата позиција.
Тимскиот шеф Кристијан Хорнер во неколку наврати изјави дека лошиот викенд или два нема да ја расипат позицијата на Перез во преговорите за нов договор, а тоа го потврди и денешното соопштение.
¡Vamos Checo! ??
We are pleased to announce @SChecoPerez has signed a two-year extension to his existing contract ✍️
Nos complace anunciar que @SChecoPerez ha firmado una extensión de dos años a su contrato actual #F1 #RedBullRacing #ChecoPerez
— Oracle Red Bull Racing (@redbullracing) June 4, 2024


