Сергеј Четковиќ и Владимир Блажев - Панчо / Фото: Инстаграм/Панчо

ФОТО | Сергеј Ќетковиќ се прости од Панчо: „Од првиот ден те гледав како брат…“

Македонската јавност денеска тагува по смртта на Владимир Блажев – Панчо, членот на познатото музичко дуо „ДНК“, кој почина речиси седум месеци по трагичниот пожар во Кочани.

Меѓу првите што се простија од него е и црногорскиот пејач Сергеј Ќетковиќ, негов долгогодишен пријател.

„Добар мој, од првиот ден те гледав како брат. Знаеш кога луѓето се препознаваат на прв поглед, како да се знаат цел живот. Твојата добрина, насмевка, љубов, ентузијазам и сила ме воодушевуваа и ме охрабруваа секој нов ден.

Имавме многу планови, идеи… многу нешта што требаше да ги направиме, раскажеме, осмислиме…

Патувај, брате мој, одмори се. Нека ангелите те водат на некое подобро место и нека Господ ти подари рајски населби“, напиша Четковиќ во емотивната објава на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/Сергеј Четковиќ

Пријателството меѓу двајцата музичари веќе ѝ беше познато на јавноста. Во ноември 2024 година, токму Панчо му посвети емотивна објава на Четковиќ, во која зборуваше за нивната долгогодишна дружба.

„Не знам од каде да почнам… Се запознавме сосема спонтано, пред точно 13 години (2011), кога за првпат имаше свој концерт во тогашниот ‘Колосеум’. Оттогаш, па до денес, станавме искрени пријатели и семејство.

Посакувам секој еден од вас да има пријател како него – чесен, искрен, хуман, љубезен, понизен, забавен, едноставен, полн со љубов и емпатија, и што е најважно – човек“, напиша тогаш Панчо.

Фото: Инстаграм/Панчо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот