Серена Вилијамс се пожали: „Не ми дозволија да влезам во еден луксузен ресторан во Париз“
Американската тенисерка Серена Вилијамс (42) престојува во Париз, каде ги следи Олимписките игри заедно со своето семејство.
Препорачано
Пред неколку дена, таа се пожали дека не ѝ било дозволено да влезе во луксузниот ресторан во рамки на хотелот Пенинсула во Париз.
„Уф, ‘Пенинсула’. И претходно не сум добивала пристап да јадам дури и на пофини места, но досега не ми се случило кога сум била со децата. Но, секогаш има првпат“, напиша тенисерката на својот профил на Икс.
Нејзините обожаватели веднаш застааа во нејзина одбрана и ѝ напишаа бројни коментари со поддршка.
„Како можеле да те одбијат?!“, „И подобро што не си ги потрошила парите таму“, „Како можеле да не ѝ направат место на кралицата“, се дел од коментарите.
По некое време доби одговор и од самиот хотел
„Почитувана г-ѓа Вилијамс, Ве молиме прифатете го нашето искрено извинување за вашето вчерашно разочарување.
За жал, нашиот бар на покривот беше всушност целосно резервиран и единствените слободни маси што ги видовте му припаѓаат на нашиот гурмански ресторан ‘L’oiseau Blanc’, кој исто така беше целосно резервиран“, тие напиша.


