Сензација: Мексико го совлада САД во квалификациите за СП 2023

Изненадувачки пораз на репрезентацијата на САД/ фото: fiba.basketball

Кошаркарската репрезентација на Мексико приреди вистинска сензација со победата од 97:88 над САД во квалификациите за Светското првенство 2023 година.

Интересно е што ова е втора победа на Мексиканите на САД во последните три години, претходно во јуни 2018 година славеа со 80:78.
Како оправдување за поразот на САД може да послужи податокот дека не играа кошаркарите кои настапуваат во НБА лигата, а предводник на репрезентацијата беше Ајзеа Томас кој моментно нема тим.

Клучен момент за триумфот беше третата четвртина која Мексиканците ја добија со 31:12 и ги решија дилемите околу победникот.

Најзаслужни за победата беа Орландо Мендес-Валдес со 27 поени и Габриел Џирон со 19 поени. Кај САД, Ајзеа Томас имаше учинок од 21 поен и 10 асистенции, додека Би-Џеј Џонсон постигна 15 поени.

По две кола во квалификациите за СП 2023, Мексико има две победи, додека САД и Порторико имаат по една победа и пораз, а Куба има два порази во група Д.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот