Сенегалско трио во редовите на Шкупи

Фото: fcshkupi.com

Сите биле дел од У20 и У23 селекциите на Сенегал, Абубакрине Сал (1992 год.) е напаѓач и доаѓа од шампионатот на Саудиска Арабија, поточно Ал Таее.

Вториот играч Умар Гвидаби (1995 год.) може да игра на две позиции, во нападот и средниот ред. А третиот е Ламине Диак (2000 год.) како одбранбен играч за врска и доаѓа од фудбалската академија на Осло.

Сите потпишаа договори на една година, со можност истите да бидат продолжени на уште една.

Дел од фудбалската академија на Шкупи, веќе ги имаа првите тренинзи и ќе бидат дел од екипата на подготовките во Болу, Турција.

Шкупи се подготвува за новиот настап на меѓународната сцена, наредниот месец фудбалерите на Каран ќе играат во првото квалификациско коло на Лига Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот