Сенегалците не можат да играат олимписки квалификации во Белград бидејќи не смеат да мрднат од Германија
Кошаркарската репрезентација на Сенегал и дефинитивно нема да учествува на квалификацискиот турнир во Белград за пласман на Олимписките игри во Токио.
Репрезентацијата на Сенегал веќе неколку денови се наоѓа во изолација во Германија, а тамошните здравствени власти не им дозволуваат да ја напуштат земјата. Причина за ваквата одлука на германските власти се четирите позитивни случаи на коронавирус како и контакти со заразени лица кои ги имаче членовите на репрезентацијата на Сенегал.
Препорачано
ФИБА потврди дека Сенегал нема да учествува на квалификацискиот турнир во Белград.
„Кошаркарската федерација на Сенегал ја информира ФИБА за прекинот на подготовките во Германија поради коронавирусот. И покрај напорите на ФИБА и кошаркарската федерација на Германија да и помогнат на делегацијата на Сенегал, тие сепак нема да можат да патуваат во Белград и да учествуваат во квалификациите“, соопшти ФИБА.
Во групата А на турнирот во Белград се наоѓаат репрезентациите на Србија, Филипини и Доминиканска република, додека во групата Б се селекциите на Италија и Порторико.
Квалификацискиот турнир во Белград ќе се одржи од 29 јуни до 4 јули, а пласман во полуфиналето ќе обезбедат по две најдобропласирани селекции од секоја група, додека пласман на Игрите во Токио ќе обезбеди само победникот на турнирот.


