Сенегал - Мароко/ EPA/JALAL MORCHIDI

Сенегал службено може да ја загуби титулата од Африканскиот куп на Нации?!

Финалето на Африканскиот куп на нации и натаму ја бранува јавноста, а според најновите најави, не е исклучено епилогот дополнително да добие нова димензија.

Како што е познато, Сенегал по продолженија славеше со 1-0, но драмата кулминираше во самиот финиш од регуларните 90 минути. Тогаш, револтирани од судиската одлука и досудениот пенал за Мароко, сенегалските фудбалери прво го напуштија теренот. По кратка пауза и на инсистирање на капитенот Садио Мане, тие повторно се вратија и натпреварот продолжи.

Мароканецот Брахим Дијаз не успеа да го реализира пеналот, по што дуелот влезе во продолженија, каде што Сенегал постигна гол и сттигна до победата и трофејот. Сепак, дел од медиумите потсетуваат дека, доколку правилникот се строго се применува, селекцијата на Сенегал би можела да се соочи со сериозни последици.

„Ако се појави ситуација каде тим се повлекува од натпревар или не се појави на средба, освен во случаи прифатени од Организацискиот комитет, одбие да игра или го напушти теренот пред крајот на регуларниот дел без дозвола на судијата, ќе се смета за поразен и ќе биде дисквалификуван од натпреварување“, стои во правилникот на Африканската фудбаалска конфедерација.

Засега од надлежните нема официјална реакција. Сенегалската репрезентација веќе се врати во татковината, каде што беше пречекана од илјадници навивачи кои ја прославија втората титула од Африканскиот куп на нации во историјата на земјата. Сепак, според најавите, целосен пресврт сè уште не може целосно да се исклучи.

ВИДЕО | Драма и хаос во Мароко: Сенегал сакаше да го напушти теренот, а на крај го освои Африканскиот Куп на Нации

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот