Семејството на Жизел Бундшен стравува: „Се омажи за тренер без пари, а предбрачниот договор е полн со дупки“
Семејството на бразилската манекенка Жизел Бундшен наводно е сериозно загрижено поради нејзината одлука да стапи во брак со инструкторот по џиу-џицу, Хоаким Валенте. Иако двојката тајно се венча во ноември минатата година, нејзините најблиски стравуваат дека Жизел не влегла во врската со доволно силна правна заштита на својот имот.
Препорачано
„Нејзиното семејство ја предупреди дека мажењето за маж без пари, во моментот кога таа вреди стотици милиони, е голема грешка“, открил извор за „Пејџ сикс“.
Иако Валенте води со спортска академија во Мајами со своите браќа, Жизел Бундшен е во сосема друга финансиска категорија со своето богатство од 400 милиони долари.
Бразилската убавица беше најплатена манекенка во светот со години, а нејзиниот имот е резултат на децениска соработка со најголемите светски брендови.
„Семејството ја советуваше само да живеат заедно“, рекол изворот, нагласувајќи дека Жизел, како традиционалист, сепак инсистирала на венчавка, бидејќи добиле заедничко дете.
Двојката доби син во февруари 2025 година, а венчавката се одржа во строга тајност во декември. Иако потпишале предбрачен договор, наводно тој не е онаков вид заштита каков што нејзиното семејство очекувало.
„Постои договор, но со одредени дупки во законот што значат дека во случај на развод, тој сепак ќе добие значителен финансиски надомест“, објаснил изворот.
Жизел е исклучително блиска со својот татко Владир и своите пет сестри, но овој пат решила да го следи своето срце и покрај нивните сомнежи.
За потсетување, Бундшен се разведе од легендата на НФЛ, Том Брејди, во 2022 година, со кого има две деца, Бенџамин и Вивијан.


