Семејството на Верица Белчовска во Струмица ќе добие стан на користење

ФОТО: Архива/ Верица Белчоска

Семејството на починатата Верица Белчовска ќе добие стан на користење, во Струмица, со одлука на Комисијата за станбени прашања во Владата, соопшти министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски преку својот профил на Фејсбук.

 

„Семејството Белчовски ги поместија вредностите во општеството, а граѓаните на Република Северна Македонија им се бескрајно благодарни за највисокиот чин на хуманост“, напиша тој.

 

Верица Белчовска беше удрена од автомобил во Струмица, кога се враќала од работа. Таа е по потекло од Русиново, беровско, но во потрага по подобри услови за живот, семејството се преселило во Струмица. Во Берово останал нејзиниот најстар брат.

По нејзината смрт, органите беа донирани за пациенти кои очекуваа трансплантација на срце и бубрези, а се искористија и делови од нејзините коски за трансплантација на коскена срж.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот