Семејството на ослободените Американки со измешани чувства по нивното ослободување од страна на Хамас

Семејства на заложниците земени од Хамас / Фото EPA-EFE/DEAN LEWINS

Семејството на двете Американки кои беа ослободени од Хамас минатата недела ги опишаа нивните чувства како измешани меѓу олеснување за ослободените мајка и ќерка и страв за оние кои сè уште се заробени од милитантната група, вклучително и осум нивни најблиски.

„Тоа беше одеднаш – радост, а потоа вина за чувството на радост само за секунда“, рече Ајелет Села, братучетка на Џудит Раанан, за Еј-Би-Су Њуз.

Раанан беше ослободена заедно со нејзината ќерка Натали во петокот, во првиот дипломатски пробив по ова прашање по рациите на 7 октомври.

„Тие беа само невини, невини цивили кои беа одземени од нивните домови во границите на Израел“, рече Ајелет Села. „Немаме привилегија да славиме“, додаде нејзиниот брат Ор Села.

Иако беа олеснети што Џудит и Натали беа ослободени, Ајлет (42) и Ор Села (34) рекоа дека сè уште тагуваат за загубата на другите роднини убиени во нападот на Хамас – и дека неколку членови на семејството сè уште се задржани, од кои најмладиот само три години. Некои се американско-израелски државјани.

„Сè уште немаме привилегија да ги оплакуваме нашите убиени членови на семејството, бидејќи секој ден се будиме и 24 часа на ден правиме се што можеме за да ги вратиме сите“, рече Ор Села.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот