Семејна расправија завршила со тепачка, уапсени ќерка и мајка

тепачка
Илустрација: Тепачка / Фото: МИА

Ќерка и мајка се уапсениу, откако претходно физички ги нападнале поранешниот сопруг и неговата партнерка. Случајот од вчера со насилството се расчистува по што ќе следуваат соодветни пријави.

Според СВР Тетово, вчера околу 14 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода Т.М.(30) и нејзината мајка С.С.(56), кои половина час пред тоа во куќа во Гостивар, физички го нападнале поранешниот сопруг и неговата невенчана сопруга. Во нападот, според пријавеното, Т.М. користела и остар предмет.

Во пријавата 44-годишниот жител на гостиварско село навел дека нападот во неговиот дом го извршиле две приведени гостиварки.

Од полицијата наведуваат дека случајот се расчистува и документира по што ќе следат и соодветни поднесоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот