Фото: Слободен печат

Семејна драма во Чучер Сандево – маж ѝ се заканувал на сопругата, не ги поштедил ни децата

Со ваквото однесување, како што се посочува, кај оштетените било предизвикано чувство на сериозна загрозеност и страв, поради што осомничениот се гони и за кривично дело загрозување на сигурноста, согласно член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

По пријава за сериозни закани и семејно насилство, Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против едно лице од Чучер Сандево, осомничено за повеќе кривични дела поврзани со недозволено оружје и загрозување на сигурноста.

Како што соопшти обвинителството, осомничениот на 13 јануари во својот дом неовластено поседувал автоматско оружје од типот STEN MKII, кое е целосно забрането за цивилна употреба, како и 71 куршум муниција со калибар 9 милиметри „Пара“, наменета за таков вид оружје. Делото се квалификува како неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи, казниво според член 396 став 5, во врска со ставовите 3 и 1 од Кривичниот законик.

Оружјето и муницијата биле пронајдени по интервенција на полицијата, откако сопругата на осомничениот ги пријавила заканите упатени кон неа и нивните две ќерки, родени во 2006 и 2010 година. Според пријавата, тој најпрво ѝ се заканувал на сопругата дека ќе ја запали, потоа оштетил дел од покуќнината, а со нож им се заканувал и на децата, наведувајќи дека ќе ги убие.

Со ваквото однесување, како што се посочува, кај оштетените било предизвикано чувство на сериозна загрозеност и страв, поради што осомничениот се гони и за кривично дело загрозување на сигурноста, согласно член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Имајќи ја предвид тежината на сторените дела, опасноста од бегство, како и ризикот од повторување на кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот