Unsplash
Unsplash

Селско грне: Гурманско уживање за целото семејство

Претпразнично подгответе еден специјалитет во кој ќе ужива целото семејство, а доколку постите ова селско грне нека биде вашиот празничен ручек.

Состојки:

– по 100 г пилешко, јунешко и свинско месо
– 10тина мали ќофтенца од мелено месо
– 100 г свежи шампињони
– 200 мл еспањол сос
– 50 г кашкавал
– масло
– магдонос, сол и црн пипер

Подготовка:

Сите видови месо исечкајте ги на коцки, зачинете ги со сол и црн пипер, па заедно со ќофтињата ставете ги на плотна за скара или грил тава и печете ги кратко. Исто и печурките испечете ги кратко на скара или на грил тава. Потоа сите состојки наредете ги во глинено грне.
Полејте со еспањол сосот (направен од супа во која се варел зеленчук со месо, згуснат со запршка од путер и брашно) по вкус зачинете со сол и црн пипер, па посипете со рендан кашкавал и сечкан магдонос. Поклопете го грнето со капак, па затворете го со готово тесто од вода и брашно. Вака спременото грне ставете го во рерна да се пече 20-30 минути. Послужете го веднаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот