Селекторот на светскиот шампион Андоновски со македонскиот дрес! (ФОТО)

фото: твитер

Влатко Андоновски, селекторот на светскиот шампион – женската репрезентација на САД беше гостин во „Куќа на фудбалот“.

Генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија, Филип Поповски му врачи дрес од омилената репрезентација, Македонија.

фото: ффм/facebook.com/FudbalskaReprezentacija

Пред неколку месеци на неговата промоција како селектор на САД, за Андоновски беше напишано:

– Баш е убаво кога добри работи им се случуваат на луѓе кои се чесни кон својата работа, кои нѐ калкулираат и знаат што сакаат во животот! Влатко е голем господин, честитки! Впечатокот сега е многу поголем – информираат од федерацијата.

Потсетување дека минатата година Американките на Мундијалот одржан во Франција во големото финале со 2:0 беа подобри од селекцијата на Холандија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот