Села официјално се раздружи од Ахмети, неговата партија и пратениците ќе дејствуваат самостојно
Крилото на партијата Алијанса на Албанците со кое раководи Зијадин Села, ја напушта коалицијата предводена од ДУИ. Централното претседателство вечерва одлучи партијата отсега да делува самостојно, а нејзините пратеници во Собранието да бидат независна група.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„На последните локални избори, коалицијата со која учествувавме излезе како победник на национално ниво, со бројот на освоени гласови на листите за советници и бројот на освоени советници, но сме незадоволни од епилогот во градоначалничката трка, каде што се соочивме со моќен државен инженеринг и интеракции на албанските субјекти на власт со македонските партии од сите табори, со единствена цел да се реализира платформата на ВМРО-ДПМНЕ за дефакторизација на Албанците во земјата. Од овие сценарија, самите Албанци изгубија повеќе од нас како субјекти, бидејќи по централната власт, Албанците сега беа деградирани и на ниво на локалната власт“, се вели во партиското соопштение, потпишано од Зијадин Села.
Раздружувањето со ДУИ и Али Ахмети тој го најави уште вчера, во интервју за телевизијата „Шења“, кога и постави три услови за евентуално да ја внесе партијата во актуелната власт.


