Секој може да донира пакет храна за едно семејство

ФОТО: МИА

Наместо новогодишни пакетчиња за деца, здружението „Проект среќа“ почнува акција, со која секој граѓанин ќе може да му испрати пакет со храна на некое семејство.

Од Здружението сметаат дека оваа Нова година е поразлична од сите досега, бидејќи огромен број семејства нема да можат да си дозволат храна на своите трпези за празниците.

– Секој од вас, кој сака да испрати храна за новогодишните празници за некое семејство, нека ни пише нам, а ние ќе му дадеме адреса каде да се прати пакетот, на кое семејство и на која адреса. Сметаме дека ова е сепак приоритет оваа година, која се надеваме дека ќе ја испратиме, и ќе дочекаме посреќна Нова година – велат од „Проект среќа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот