Сеишин Прилеп со 12 медали на меѓународниот џудо турнир „Скопје Опен 2026“
На меѓународниот турнир „Скопје Опен 2026“ за деца, помлади пионери и кадети, во организација на џудо клубовите Ипон и Карпош Џудо Мастер од Скопје, учество зедоа околу 230 натпреварувачи од 26 клубови од шест држави: Македонија, Албанија, Молдавија, Косово, Србија и Грција.
Препорачано
Џудо клубот Сеишин Прилеп настапи во сите возрасни категории и оствари одличен резултат освојувајќи вкупно 12 медали: осум златни, и по два сребрени и бронзени медали.
Со овие резултати ЏК Сеишин Прилеп беше прогласен за најуспешен клуб, односно севкупен победник на овој силен меѓународен турнир (освојувајќи пехар) уште еднаш потврдувајќи го квалитетот и посветената работа на клубот.
Резултати поединечно:
Кадети: Дила Пупаловиќ – 1 место, Теодора Илиоска – 1 место, Тамара Илиоска – 2 место
Помлади пионери: Елдина Пупаловиќ – 1 место, Бисера Јовеска – 1 место, Матеја Николоска – 1 место
Деца: Бисера Цветкоска – 1 место, Иван Јошески – 1 место, Стефани Ристеска – 1 место, Христијан Бунески – 2 место, Владан Стрезоски – 3 место, Марко Андрејевски – 3 место.
– Нашиот клуб е горд и на натпреварувачите кои овојпат не успеаја да освојат медал, но со своите борби покажаа борбеност, дисциплина и вистински спортски дух, придонесувајќи за овој голем успех. Посебни честитки и до нашите тренери Мартин Ристески и највозрасниот тренер на турнирот Киро Здравески, кои предводеа голем број наши членови и имаат голема заслуга за постигнатиот успех – стои во објавата на ЏК Сеишин Прилеп.


