Сегашните центри во НБА? Јас би бил Мајкл Џордан за нив

Легендарниот кошаркар ги критикува сегашните центри во НБА лигата/ фото: RHONA WISE / AFP / Profimedia

Еден од најдобрите центри во историјата на НБА лигата, Патрик Јуинг ги критикуваше денешните центри кои играат во најсилната кошаркарска лига на светот.

Според легендарниот кошаркар на Њујорк никс, тој доколку би играл денеска би бил како Мајкл Џордан во неговото време. Тој верува дека со својот стил на игра би доминирал во сегашната НБА лига.

– Нема многу добри центри денеска во НБА лига. Јас во оваа ера би бил како Мајкл Џордан во моето време. Сè се промени, кошарката се промени, начинот на кој екипите играат…. Најголем дел од високите играчи сака да излезат од рекетот и да шутираат тројки, наместо да играат со грб кон кошот на низот пост – изјави Јуинг.

Славниот центар најглолем дел од своја кариера од 1985 до 2022 година ја помина во Њујорк никс и просечно бележеше по 21 поени и 9.8 скокови по натпревар. Последните две сезони го помина во Орландо меџик и Сиетл суперсоникс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот