Сега е вистинското време да го направите: Домашен џем од смокви без конзерванси

Фото: Профимедиа

Џемот од смокви го носи епитетот еден од највкусните македонски деликатеси, а сега е вистинското време да го направите дома, бидејќи сега е нивната сезона.

Смоквите, освен што е специфично вкусни, важат и за овошје што го намалува холестеролот и го подобрува варењето.

Ако ги подготвите на овој начин, ќе можете долго да уживате во нивните благотворни својства.

Состојки:

– 1 кг зрели смокви
– 200-250 г шеќер
– 2 ќесички ванилин шеќер
– 1 лимон
– 1 лажичка рум
– ½ лажичка мелен цимет
– сечкани ореви и бадеми

Подготовка:

Лимонот добро измијте го со раствор од сода-бикарбона. Смоквите измијте ги и исчистете ги од дршките, не мора да им ја лупите лушпата. Исчистените смокви ставете ги во подлабоко тенџере.

Исцедете го лимонот и сокот ставете го заедно со шеќерот во смоквите во тенџерето. Покријте ги смоквите и оставете еден час да омекнат.

Ставете го тенџерето на среден оган и варете. Пожелно е повремено да ги промешувате.

По 45 минути, додадете го ванилиниот шеќер и кората од лимонот, малку рум, цимет и сечканите ореви и бадеми.

Оставете џемот добро да се свари. Притоа, постојано мешајте за џемот да не загори.

Врелиот џем ставете го во стерилни тегли, затворете и оставете да се излади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот