Седум причини зошто чувствувате болка за време на сексуален однос

pexels
Фото: Pexels

Болката за време на сексот е многу почеста појава одошто мислите. Според едно британско истражување во кое учествувале 7.000 жени на возраст од 16 до 74 години, по една на секои 10 жени чувствувала болка за време на сексуалните односи. Доколку и вие го имате истиот проблем, знајте дека не сте сами. Болниот секс подразбира намалено сексуално задоволство, анксиозност и вагинална сувост. Поради тоа, многу жени откриле дека одбегнуваат да имаат секс.

Експертите тврдат дека сите жени одвреме-навреме доживуваат болка за време на сексот и тоа е сосема нормално. Но, би требало да се загрижите доколку болката е постојана и не се повлекува. Ако е придружена со други симптоми како што се мачнина, повраќање, често мокрење, болки во уринарниот систем, крвавење, вагинален исцедок со непријатен мирис и слично, тоа можеби е знак дека се работи за нешто од патолошка природа. Во таков случај најдобро е да побарате стручна помош.

И покрај тоа што станува збор за многу чест проблем, сепак многу малку жени се осмелуваат да зборуваат за проблемите поврзани со нивното сексуално здравје. Тоа би требало да се промени. Првиот чекор што можете да го направите е да се информирате.

Ова се најчестите причини зошто чувствувате болка за време на сексуалните односи:

Сувост

Најчестата причина што предизвикува болка за време на сексот е сувоста. Ако предиграта не трае доволно долго или имате природно сува вагина, сексот може да биде непријатен и болен. Во овој случај најдобро е да користите лубриканти на природна база.

Инфекции и болести

Инфекциите како генитален херпес, трихомонијаза и габична инфекција можат да предизвикаат многу непријатни проблеми во пределот на гениталиите. Тие се многу чести и затоа важно е да имате заштитени сексуални односи и редовно да одите на гинеколошки преглед.

Ендометриоза

Ендометриозата се јавува кога ткивото на матката расте и ги зафаќа другите делови од телото, како што се јајчниците и јајцеводите. Многу е болна и голем број жени се соочуваат со овој проблем. Лековите против болка и хормонските терапии можат да помогнат во овој случај.

Воспаление на карлицата

Воспалението на карлицата лесно се лекува со антибиотици, но предизвикува големи проблеми. Се случува кога бактериите, кои најчесто се последица на сексуално преносливи болести, патуваат низ вагината до матката. Во таква ситуација, сексот воопшто не е забавен.

Психички и емоционални проблеми

Анксиозноста, депресијата и стравот не се физички болести, но можат да остават негативни последици на телото. Емоциите играат голема улога во сексуалните односи и можат да бидат причинители на сексуална болка.

Интерстицијален цистит

Станува збор за воспаление на мочниот меур кое предизвикува големи болки. Доколку некогаш сте имале проблем со вакво воспаление, сигурно знаете дека сексот е многу болен особено при подлабока пенетрација.

Вагинализам

Вагинализмот претставува посебна состојба на стегање на вагиналните мускули за време на пенетрација, што го прави сексот многу болен. Сепак, постојат одредени третмани кои можат да ви помогнат да се справите со овој проблем и конечно да искусите сексуален живот полн со возбуда и страст.

Не мора повеќе да се мачите, оваа поза е направена за сите мрзливи парови кои сакаат секс

„Сексот со нив е неверојатен“: Има 46 години, а заведува само помлади мажи

Што вели медицината: Колку често треба да имате секс?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот