„Сексот со нив е неверојатен“: Има 46 години, а заведува само помлади мажи

Фото: Инстаграм/Ника Маршал

Ника Маршал (46) е популарна инфуенсерка на социјалните медиуми, која за себе вели дека е „горда повозрасна жена која заведува само помлади мажи“.

Во нејзините четириесетти години, таа ги открила сите предности на статусот „пума“(термин во англискиот јазик со кој се означуваат жените кои претпочитаат помлади мажи за партнери), кој според неа има многу предности, а нема никакви недостатоци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nika Marshall (@therealnikam)

Со видеоснимка на платформата Тик-ток, Маршал ги сподели добрите страни на запознавањето млади момци.

Таа откри дека ги сака бидејќи тие обожаваат да патуваат, а „сексот со нив е неверојатен“. Додала и дека помладите момци ја истакнуваат нејзината младешка страна, но и дека обожаваат да се забавуваат.

View this post on Instagram

 

A post shared by Nika Marshall (@therealnikam)

Разликата во години воопшто не ѝ пречи, а кога размислувала за недостатоците во врска со состанувањето со помлади мажи, едноставно, сфатила дека тие не постојат.

@therealnikam COUGAR TALK 🗣 #fypシ゚ #46fine #fypシ゚viral🖤tiktok #womenover40 #foryoupage #selflove #blackwomen #strongwomen #hatersmakemefamous #1of1 #fyp #viral #over40 ♬ original sound – Ian McAlister

Видео на денот