Не мора повеќе да се мачите, оваа поза е направена за сите мрзливи парови кои сакаат секс

Фото: Pexels/Yan Krukau

Интимноста со партнерот пред и по сексот е исто толку важна како и водењето љубов. Позата во која двајцата партнери лежат на страна, едниот свртен со предниот дел од телото кон грбот на другиот, „залепени“ со секој дел од телото, од стапалата до лицето, прегрнати – ова е поза што ја покажува нивната блискост и љубов.

Во сексот ова би се нарекло поза „лажица“ и одлична е доколку и двајцата сте малку мрзливи и заинтересирани за побавен секс без многу вложен физички напор. Двајцата партнери лежат на страна,  жената е со грбот свртена кон мажот, а тој благо пенетрира одзади. Освен чувството на сексуално задоволство, партнерите чувствуваат и блискост и длабока емотивна поврзаност.

Експертите за врски и меѓучовечки односи велат дека оваа поза покренува силни емоции и треба да се практикува што почесто.

„Најголемиот орган на нашето тело е кожата, а основниот нагон на секој човек е контактот кожа со кожа, што на повеќето луѓе делува смирувачки, утешно и сакано“, објаснува Сари Купер од Центарот за љубов и секс во Њујорк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sari Cooper (@saricooperofficial)


Обрнете внимание на реакцијата на вашето тело кога на овој начин се прилепувате за партнерот. Дишењето се забавува, продлабочува и синхронизира.

„Не само што делува релаксирачки, туку предизвикува и ослободување на окситоцин, за кој научниците веруваат дека е поврзан со чувството на поврзаност и сексуална возбуда“, објаснува Пам Коста, експертка за подобрување на љубовните и сексуалните односи.

Пам Коста/Фото: Принтскрин

Таа додава дека оваа положба ја користи во работата со своите клиенти, паровите кои ја изгубиле блискоста во нивната врска.

„Барам од нив да легнат и да се прегрнат на тој начин, и да останат во таа положба пет минути, па следам што се случува. До крајот на тие пет минути, повеќето од нив велат дека чувствуваат зголемена блискост и емоции помеѓу нив и дека се појавила посилна желба за зголемена интимност и физички контакт во нивната врска“, објаснила таа.

„Таа блиска положба помеѓу партнерите е форма на интимност која му помага на нашиот нервен систем да се опушти. Сите ние сме цврсто поврзани како човечки суштества, а физичкиот допир и прегратката, меѓу другото, го намалуваат крвниот притисок и испраќаат порака до нашите тела дека сѐ е во ред, да се опуштиме“, додава Ребека Хендрикс, психотерапевтка од Њујорк.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот