Седум лица уапсени во истрагата за атентатот врз професорот Самуел Пати

Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Седум лица на возраст од 17 до 21 година, од кои некои имаат чеченско потекло, денеска се уапсени во Тулуз, Лион, Руан, Безансон, во Сена-ет-Марна и во Мен-ет-Лоара, во рамки на истрагата за атентатот врз професорот Самуел Пати, обезглавен во близина на училиштето каде што работеше во Ивелин минатиот октомври, јави дописникот на МИА од Париз.

Осомничените „се појавуваат во разни групи за испраќање пораки во кои беше член (Абдулах) Анзоров”, убиецот на Самуел Пати. Апсењата ги изврши поддирекцијата за борба против тероризмот (Сдат) и Генералниот директорат за внатрешна безбедност (ДГСИ).

Во декември, петмина мажи на возраст од 18 до 21 година од чеченско потекло, осомничени дека имале контакт со напаѓачот, беа ослободени откако беа во полициски притвор без да бидат обвинети во оваа фаза. Вкупно четиринаесет лица се обвинети во истрагата за убиството на Самуел Пати (47).

Француските власти спроведуваат 187 истраги по убиството на Самуел Пати

Меѓу осомничените има и шест ученици од основно училиште. Петмина од нив се гонат за „соучесништво во терористички атентат”, обвинети дека му дозволиле на Анзоров, 18-годишен бегалец да го идентификува професорот. Абдулахх Анзоров ја презеде одговорноста за неговиот гест во аудио порака на руски јазик каде рече дека „се одмаздил за пророкот” Мохамед, обвинувајќи го професорот дека „го покажал на навредлив начин”. По кратко време по убиството тој беше застрелан од полицијата.

Извор:МИА

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот