Фото: Твитер/Eurovision song contest

Седум британски градови се натпреваруваат: Каде ќе се одржи Евровизија 2023?

Следната година Евровизија ќе се одржи во Велика Британија, а сега е објавено кои седум градови се во потесниот избор за улогата на домаќин.

Бирмингем, Глазгов, Ливерпул, Лидс, Манчестер, Њукасл и Шефилд се во конкуренција за улогата домаќин на Евровизија во 2023 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)


За потсетување, поради неможноста да се одржи во Украина поради војната со Русија, Евровизија следната година ќе се одржи во Велика Британија, а меѓу 20-те градови кои се пријавија за улогата на домаќин, во потесниот избор влегоа седум градови.


Градовите сега ќе минат низ втората фаза, по што ќе биде донесена конечната одлука кој град има највисока оценка според критериумите на Би-Би-Си.

Би-Би-Си јасно стави до знаење дека натпреварот во 2023 година ќе биде „вистински одраз на украинската култура, притоа прикажувајќи ја различноста на британската музика и креативност“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот