Седлоски: Македонија е во голем предизвик за пласман на Светско првенство
В четврток со почеток од 20.45 часот најдобрата македонска фудбалска репрезентација во Копенхаген против Данска ќе го игра полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство 2026.
Препорачано
Избраниците на селекторот Гоце Седлоски се свесни дека ги очекува тешка задача на „Паркен“ стадионот, Данска ја има фаворитската улога, но нашите најдобри фудбалери ветуваат борба до самиот крај.
Своите очекувања за овој меч ги сподели новиот селектор Милевски кој ќе го има своето официјално деби на клупата.
-Македонија е во голем предизвик за пласман на Светско првенство. Пред себе имаме една репрезентација, Данска, која ја цениме и почитуваме. Но, овие играчи кои дојдоа до ова ниво да го играат овој бараж секако се заслужни, затоа ги одбрав тие играчи и на утрешниот натпревар овие три дена со кои тренирав со нив видов позитивна енергија и мислам дека задачите кои ќе им бидат поставени ќе одговорат сите во тие 90 минути, ако има продолженија, ќе мислиме после тоа – изјави Седлоски на денешната прес-конференција.
Во составот не е Езѓјан Алиоски поради обврски во клубот, Лугано (Швајцарија).


