Седлоски: Ќе повикувам по 4-5 играчи од ПМФЛ, ќе разговарам со Ристовски, Адеми и Николов за нивен кам-бек во репрезентацијата
Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски најави дека во иднина на репрезентативниот список ќе се најдат по 4-5 играчи од македонското фудбалско првенство.
Препорачано
„Ги следам и ги познавам сите репрезентативци. Ќе има освежување, секој што заслужува и игра добро во клубот ќе биде повикан. Нема да ја потценуваме домашната лига и најмалку четири до пет играчи од ПМФЛ ќе бидат дел од А-селекцијата“, изјави Седлоски.

Исто така Седлоски рече дека ќе разговара со Ристовски,Адеми и Николов, кои не беа во добри односи со Милевски за нивно можно враќање во репрезентацијата.
Првиот предизвик за Седлоски ќе биде баражот за Светското првенство во март. Македонија во полуфиналето ќе се соочи со Данска во Копенхаген, а во случај на победа, за пласман во групната фаза ќе игра со победникот од натпреварот меѓу Чешка и Ирска.
ФОТО | Седлоски: Ова е голема чест и најголема одговорност во мојата кариера
Преземено од: Sport.com.mk


