Се зголемуваат платите во јавниот сектор во Германија

Влада во Германија/ Фото: МИА

Германските синдикати и работодавачите во јавниот сектор постигнаа договор за нов колективен договор за работа по четвртиот круг преговори, што се одржа во Потсдам, јави ДПА, цитирана од БТА.

Приближно 2,5 милиони вработени во јавните служби ќе добијат 3.000 евра како одговор на високата инфлација. Средствата ќе се исплаќаат на рати од јуни. Од март следната година платите на дотичните вработени ќе се зголемат за најмалку 340 евра.

Во последниве месеци, германските синдикати го парализираа јавниот превоз, градинките, болниците и собирањето ѓубре со национални штрајкови кои бараат повисоки плати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот