Се затвора македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, газдарицата не го продолжува договорот

Македонскиот клуб во Благоевград, уште неотворен, беше вандализиран на почетокот на октомври / Фото: НовАсном

Македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во бугарскиот град Благоевград, кој беше отворен пред шест месеци, по отворањето на слични бугарски клубови во Македонија, се затвора, соопшти претседателот на градскиот комитет на ОМО „Илинден“ од Благоевград, Атанас Кирјаков.

„Денеска во телефонскиот разговор помеѓу Кирил Иванов (околиски претседател за Благоевградска околија и член на Координативното тело на Македонската народна организација ОМО „Илинден“) и Атанас Мазнев (претседател на клубот „Никола Вапцаров“ и копретседателот на забранената политичка партија ОМО ИЛИНДЕН – ПИРИН) добивме информација дека по шест месеци, клубот „Никола Вапцаров“ ќе биде затворен. Причината за затворањето на клубот е тоа што тој беше под кирија (наем) за рок од шест месеци, но сега газдарицата на приватната просторија во која беше сместен, не сака нов договор за наем со сегашните наематели на просторијата“, објави Кирјаков на Фејсбук.

Македонскиот клуб во Благоевград беше вандализиран уште пред да биде отворен, а на отворањето, кое помина во тензична атмосфера, но без инциденти, присуствуваа повеќе политички претставници од Македонија.

Одбиена регистрацијата на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, одлуката ќе ја обжалат на суд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот