Одбиена регистрацијата на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, одлуката ќе ја обжалат на суд

Од македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ информираат дека им била одбиена регистрација, откако на 7 февруари до Агенцијата за регистрација во Благоевград ги доставиле основните документи на истоименото здружение, па како што велат одбивањето ќе го обжалат на суд.

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ – Благоевград“ беше отворен по приватна иницијатива на крајот на октомври годинава, а неодамна беше скршен излогот на клубот и приведени четири лица во врска со инцидентот. Целите на здружението, декларирани од клубот, се: „културна комуникација меѓу народите и земјите од Балканот за мир и добрососедство, како и поддршка на универзалните човекови права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата“ – се наведува во соопштението до медиумите.

На 10 февруари Клубот добил решение за одбивање на регистрацијата, што значи дека на здружението му е ускратена легитимноста и е забранета неговата работа.

Сметаме дека ова одбивање е непринципиелно. Во одбивањето е цитиран единствен правен текст – од Уставот на Република Бугарија – чл. 12, ст. 2, дека здруженијата на граѓани не можат да поставуваат политички цели и да вршат политички активности, кои ние, како што може да се види од горенаведените цели, не само што сме ги запазиле, туку дополнително сме напишале експлицитно во статутите кои нашето здружение ги нема за целта на вршење политичка дејност. Сепак, имаме одбивање за регистрација – информираат од македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот