Работник во металуршка фабрика / Фото: Слободен печат / Жарко Настоски

Се враќа „младинскиот додаток“, работниците во производството ќе добиваат по 3.000 денари месечно од државата

Собранието го донесе Законот за младински додаток, кој предвидува директна финансиска поддршка за дел од младите работници. Со овој нов закон, на младите до возраст од 23 години, кои се вработени во производствените области, државата ќе им исплаќа „младински додаток“ во износ од 3.000 денари.

Сличен додаток се исплаќаше со години наназад, но законите кои го регулираа секогаш имаа ограничен рок на траење и се продолжуваа.

На истата седница, поддршка од пратениците доби и Законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони.

Овие измени, како што беше образложено, се прават со цел усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ), при што се менуваат одредени термини во досегашниот закон.

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, на крајот информираше дека оваа собраниска седница ќе продолжи утре во 12 часот.

ВРЕДИ: Со законот за правична застапеност ги носиме Албанците во центарот на институциите, каде што припаѓаат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот