Се враќа старото правило, премиерлигашите против пет замени

EPA-EFE/PETER POWELL

Премиерлигата официјално објави дека од следната сезона повторно менаџерите ќе можат во текот на официјалните натпревари да направат само три замени.

Поради пандемијата на коронавирус со цел да се избегнат што повеќе евентуални повреди со оглед на долгата пауза која ја имаа играчите, ФИФА ги информираше екипите дека им е дозволено да направат и пет замени.

Денешните информации велат дека клубовите во Премиер лигата се согласија да се врати старото правило од само три замени со максимум седум резервни фудбалери на клупата.

Една од причините за ваквата одлука е дека досегашното правило им носеше предност на поквалитетните екипи.

Од Светската куќа на фудбалот објави дека правилото за пет замени останува на сила до август 2021 година, но и дека не е обврзувачки тоа да се прави.

Стартот на новата сезона во Премиер лигата закажан за 12. септември

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот