Се урна борбен авион Миг – 31 во Русија

Фото: Википедија

Борбен авион МиГ-31 се урна во Приморскиот крај во југоисточна Русија, а екипажот се катапултираше, соопштија од службите за итни случаи, пренесува ТАСС. Пилотите се катапултирале, соопштија од итните служби, пренесуваат медиумите.

„Ловец-пресретнувач МиГ-31 падна во шумата на десет километри од градот Алексеевка во областа Надежински“, изјави извор за руските медиуми. Како што стојат информациите се уште се проверува состојбата на пилотот иако според првичните наоди, нема жртви во падот на леталото.

Во меѓувреме информацијата ја потврди прес-службата на Источниот воен округ. Како што е прецизирано, авионот се урнал за време на планиран пробен лет.

„Летот беше изведен без боев комплет. Авионот паднал на ненаселено место, на земја не е причинета материјална штета. Според првичните информации, несреќата можела да биде предизвикана од технички дефект“, се наведува во соопштението.

На местото на настанот се испратени спасувачки хеликоптери Ми-8.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот