Фото: ЈП „Паркови и зеленило“

Се уредуваат парковите и булеварското зеленило во Аеродром

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ заедно со општинските комуналци започнаа акција за уредување и разубавување на парковите и булеварското зеленило на територија на општина Аеродром.

Со соодветна механизација теренски екипи заедно со екипите на општината на повеќе локации низ зеленилото вршат машинско косење на тревните површини, собирање откос и лисја, кроење и уредување на вегетацијата, обликување на дрворедите покрај велосипедски патеки, одржување на чистотата и товарање на собраната маса во камион низ јавните површини на тој дел од градот, информираат од „Паркови и зеленило“

Акцијата е резултат на меѓуопштинската соработка помеѓу Град Скопје и Општина Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот