Се уредува јавното зеленило на десетина локации во Скопје

Фото: ЈП „Паркови и зеленило“

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве вршат интензивни активности на уредување на вегетацијата на кејот на Вардар, во координација со Град Скопје и останатите јавни претпријатија.

Како што информираат од „Паркови и зеленило“, уредувањето започнало на потег од Железниот мост по десното течение на Вардар кон мостот „Гоце Делчев“, како и на потегот од Железниот мост по левото течение на реката Вардар кон пешачкиот мост во Градскиот парк.

„Работевме и на уредувањето на вегетацијата на кејот на Вардар на потег од Паркот на езерата кон мостот Близнак, од паркот на езерата кон ПИОМ, од Камениот мост кон мостот на булевар Филип Втори. Деновиве продолживме со уредувањето на вегетацијата на кејот, на потег од мостот на бул. 8ми Септември долж десното течение на реката Вардар кон Градскиот стадион, како и долж левото течение кон спортската сала „Кале“, објаснуваат од ЈП „Паркови и зеленило“.

Оттаму додаваат дека нивните екипи со соодветна механизација работат на косење на тревните површини, сечење избојци, косење на обрасната нискостеблеста вегетација, чистење на површините на косините и ширините на коритото на реката Вардар.

„Во сите останати реони низ градот секојдневно вршиме редовно косење на тревните површини низ булеварското зеленило и парковите, собираме откос и ја кроиме вегетацијата. Поради високите температури полевањето на јавните зелени површини го вршиме од 22 до 06 часот наутро, а дел од градското зеленило каде нема поставено систем за наводнување, вршиме полевање со вода од цистерна. Истовремено продолжуваме со хортикултурно уредување на јавна површина зелен плоштад на ул.Јужноморавски бригади, кај каналот, со површина од 4850 m2 во населбата Ченто и реконструкција на минор корито на кејот на реката Вардар на потегот од мостот Мајка Тереза до мостот Генерал Михајло Апостолски“, информираат од претпријатието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот