Се судрија велосипед и тротинет на „Партизанска“

Жена е тешко повредена при судир на тротинет со велосипедист во Скопје.

„На 23.06.2022 околу 13.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на велосипедска патека на бул.„Партизански одреди“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу тротинет управуван од Г.Ј.(46) од Скопје и велосипедист Н.Б.(20) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.Ј., констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, извести МВР.

ФОТОВЕСТ: Автобус удри во заштитни столпчиња на Партизанска

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот