Фото: МИА / илустрација

Возач од Виничко излетал со трактор, два дена бил дома со тешки повреди, па починал

Возач од Виничко вчера почина во болница, откако два дена седел дома тешко повреден бидејќи излетал од патот со својот трактор.

„На 08.06.2026 во 10:09 часот во Полициската станица Виница, лекар од Итна медицинска помош пријави дека кај нив со повреди здобиени при несреќа со трактор бил донесен В.А.(71) од с.Драгобраште, виничко, кој им подлегнал на повредите и покрај укажаната лекарска помош и извршена реанимација. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани увидна екипа на ОВР Виница извршила увид на местото“, соопшти МВР.

На 06.06.2026 во вечерните часови на локален пат во с.Драгобраште, В.А. излетал од патот со тракторот кој го управувал, по што заминал дома без да побара лекарска помош, велат од полицијата.

Неговиот син го однел во болницата во Виница два дена подоцна.

Оттаму, се додава во соопштението, тој бил препратен во болницата во Кочани, но по кратко време му се слошило и им подлегнал на повредите.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Аларм во земјоделството — сѐ повеќе жртви во несреќи со трактори, меѓу нив има и деца

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот