Се урнал кран во Далас, едно лице загинало, шест повредени

Едно лице загинало, а шест биле повредени и сместени во болница откако се срушил кран во стамбен комплекс во Далас во САД, пренесува „Би-Би-Си“.

Кранот паднал поради силното невреме. Властите соопштиле дека кранот пробил осум катови на комплексот кои се наоѓале во близина на градилиште.

Била оштетена и гаража, а во тек е истрагата за случајот.

Локалните медиуми пишуваат дека починала една жена, а од шесте хоспитализирани, две лица се во критична состојба.

Според првичните информации, причина за рушењето на кранот најверојатно биле силните ветрови, кои поради невремето предизвикале штета и снемување на електрична енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот