„СЕ СЛУЧИ ЧУДО“: Ким Кардашијан во издание за кое долго ќе се зборува! (ФОТО) – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

„СЕ СЛУЧИ ЧУДО“: Ким Кардашијан во издание за кое долго ќе се зборува! (ФОТО)

Ваквото елегантно појавување на 38-годишната ријалити ѕвезда изненади многумина кои коментираа дека никогаш не ја виделе во така софистицирано издание.

Ким Кардашијан често е на удар на критики поради својот стил на облекување, но нејзиното последно модно издание многумина целосно ги изненади.

За доделувањето на наградите 2019 Creative Arts Emmys одржани во Лос Анџелес, Ким Кардашијан избра црн кадифен фустан кој привлече огромно внимание со класичноста елеганцијата и префинетоста.

профимедиа

Креацијата со висок околувратник и асиметричен горен дел ја следи линијата на телото и се стеснува кон подот, а одењето во овој тесен модел го олеснува шлицот на страна.

профимедиа

Ким фустанот го комбинираше со црни штикли на многу тенко ременче и на врзување околу зглобот. Од накит носеше дијамантски прстен, а косата ја обликувала во висока пунџа.

профимедиа

Ваквото елегантно појавување на 38-годишната ријалити ѕвезда изненади многумина кои коментираа дека никогаш не ја виделе во така софистицирано издание.

профимедиа

Многумина сметаат и дека била најдобро облечена на доделувањето на наградите 2019 Creative Arts Emmys.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close