Сè што треба да знаете за популарната и суперефикасна Кето диета пред да почнете да ја држите!

Кетонската диета моментно е еден од најпопуларните начини за регулирање на телесната тежина. Нејзината ефикасност е несомнена, па затоа има толку многу следбеници на сите континенти.

Оние кои ја пробале оваа диета велат дека изгубиле телесна тежина ефикасно и без гладување. Но то вклучува кето диетата? Дневен внес на 70% од калориите треба да бидат од маснотии, и да јадете помалку од 30 грама  јагленихидрати на ден.

Ниската содржина на јагленохидрати го доведува организмот во состојба на кетоза. Тоа е состојба на телото што се јавува како резултат на метаболички процес наречен кетогенеза.

За време на овој процес, црниот дроб почнува да лачи кето тела кои клетките почнуваат да ги користат како единици на енергија. Најефективниот начин да откриете дали сте во кетоза е да проверите со кето-ленти (достапни во продажба во поголемите аптеки).

Што е кето диета?

Оваа диета е богата со масти, а сиромашна со јагленохидрати. За да ви биде појасно, треба да разберете дека телото со оваа диета ги согорува токму маснотии, користејќи ги како единствен извор на енергија. При нормална исхрана, оваа енергија телото ја црпи од јагленохидратите.

Тие се распаѓаат во телото во едноставни шеќери, од кои најважна улога има глукозата, наједноставниот и достапен извор на енергија за нашето тело. Но, кога не добиваме доволно јагленохидрати, телото бара друг извор на енергија. Во отсуство на истите, телото почнува да согорува маснотии и ги користи како нов извор на енергија. Кога тоа ќе се случи, вашето тело доаѓа во состојба на кетоза и започнува процесот на слабеење.

Прочитајте и...  Раде Шербеџија потпишал брачен договор со сопругата! Тој има право само на една работа

Кои се симптомите на кетоза?

Симптомите на кетоза не се пријатни, особено на почетокот на диетата, но тие се исто така знак дека во вашето тело се случуваат процеси што се показател дека започнало слабеењето.

Еве ги најважните симптоми со кои ќе се соочите:
главоболка
слабост и замор
жед
метален вкус во устата и лош здив
гадење и болки во стомакот
несоница
често мокрење

За да се надмине ова, потребно е да се пијат многу течности, и да се земаат витамини и минерали. Одлично е  да конзумирате протеински пијалоци кои ќе му обезбедат на вашето тело дополнителна енергија.

Кето диета

Веќе нагласивме, оваа диета вклучува намален внес на јагленохидрати. Дозволени се само околу 30 грама на ден. Покрај овој минимален внес на јагленохидрати, исхраната треба се заснова на внес на масти и протеини. Треба да знаете колку калории ви се потребни да внесете во текот на денот за да изгубите што побргу на тежина, но и како треба да ги комбинирате мастите и протеините.

Прочитајте и...  Бијонсе изгледа неверојатно во новата кампања за спортска облека во соработка со „Adidas“

Количината на протеини што треба да ја внесете преку диетата треба да биде во согласност со вашата тежина и висина. Правило е да се користи еден грам протеин за килограм тежина. Кога ќе го помножите тој број со 4, ќе добиете број на калории што треба да ги внесете од протеините. Остатокот од калориите во кето диетата треба да бидат од мастите. За да одредите точно за колку калории се работи, треба да го одземете бројот на калории од протеините од вкупниот број калории.

Што да јадете кога сте на кето диета?

Месо, риба и морски плодови – тие се главни и дозволени намирници, потребно е да се избегнуваат само месни преработки (салами, паштети, виршли итн).
Јајца
Масло – можете да ги користите сите видови масла при подготовка на храна, но ставете акцент на маслиновото и кокосовото масло кои го забрзуваат процесот на слабеење.
Млечни производи
Бадеми
Зеленчук

Од друга страна пак, треба да ги избегнувате овие намирници:

Шеќер во сите форми
Скроб
Овошје – не е целосно забрането, но треба да изберете овошје кое содржи најмала количина шеќер.

Совет
Пред да ја започнете оваа диета, исфрлете ги од кујната залихите од сите производи што не се пожелни на вашето мени. Наместо тоа, складирајте храна што ќе ја користите во вашата дневна исхрана. На тој начин, имате најмалку шанси да паднете во искушение и да ја прекинете вашата диета.

Прочитајте и...  Меланија Трамп за првпат се појави во јавноста по битката со коронавирусот и ги воодушеви присутните со елегантниот стајлинг! (ФОТО)

3 вида кето диета

Стандардната кето диета се сведува на правилата опишани погоре, но со таква исхрана е многу тешко да се биде физички активен.

Насочената кето диета пак,  е наменета за луѓе кои се занимаваат со физички активности. Овој вид диета препорачува дополнителен внес на јагленохидрати пред тренинг. Неопходно е да се земат дополнителни 20-50 грама јагленохидрати, и да се намали внесот на маснти во размер за таа количина.

Цикличната кето диета е комбинација од првите две, и тие се комбинираат наизменично.

Кето диетата треба да ја избегнуваат луѓе кои имаат проблеми со бубрезите, како и оние со срцеви проблеми. Оваа диета позитивно влијае на вашето тело, слабеете, имате повеќе енергија, а мускулите стануваат оформени. Ако ги следите правилата, ќе имате позитивни искуства. Ќе се чувствувате исцрпено само во првата недела, но потоа ќе имате наплив на енергија, а пти тоа изгубите многу килограми.

 

Поврзани вести

Актерот Арнолд Шварценегер беше итно пренесен во болница, по што се огласи на Инстаграм! (ФОТО)

Слободен Печат

Бритни бара 100 чизбургери, Том Круз 50 танги, а Менсон ќелава проститутка: Лудите барања на холивудските ѕвезди!

Слободен печат

Што треба да јадете по вежбање: Храна за обновување на мускулите

Слободен Печат

Како Старите Грци се справувале со депресијата и со анксиозноста

Слободен печат

Научниците открија колку долго коронавирусот се задржува на кожата

Слободен печат

Дневен хороскоп за 24 октомври 2020: На Јарецот нема да му недостига страст, а Бикот конечно ќе мрдне од мртвата точка

Слободен Печат

Остави Коментар