Балони / Фото EPA-EFE/YONHAP

Се повлекуваат балони од продавниците во Хрватска бидејќи содржат канцерогени супстанции

Хрватскиот државен инспекторат предупреди за четири вида балони достапни во хрватските продавници бидејќи ослободуваат опасни количини на нитрозамини и нитрозатливи соединенија, хемикалии кои можат да предизвикаат рак ако дојдат во контакт со кожата или се вдишат, пренесува Индекс.

Според Инспекторатот, измерената количина на нитрозамини во балоните била 0,076 мг/кг, што е над дозволената граница. Децата се особено изложени на ризик бидејќи често ги допираат или ставаат балони во уста.

Производите се достапни во неколку продавници, а на клиентите им се препорачува веднаш да престанат да ги користат балоните. Инспекторатот вели дека балоните се продавале во пакување со хартиена етикета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот