Се поставуваат информативни табли низ Парк шумата Водно

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве на терен работат на поставување на информативни табли во Парк Шумата Водно.

– Екипите од Секторот Вонградско зеленило по налог на Град Скопје изработија дрвени информативни табли кои ги поставија на повеќе места низ Парк шумата Водно. Таблите се поставени на локации од подножјето до Средно Водно, од Средно Водно до врвот и на делот кон Нерези – стои во објавата на ова јавно претпријатие.

Оттаму најавуваат и дека, во наредните денови таблите ќе бидат испишани со корисни информации за планинарите и рекреативците кои го посетуваат ова омилено излетничко место на скопјани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот