Александра Јанева - Фото: Инстаграм

Се породи пејачката Александра Јанева, ќеркичката го доби името Тина

Една од нашите најистакнати поп-пејачки, Александра Јанева, и официјално ја презеде најважната улога во својот живот, стана мајка.

Преку емотивни објави на социјалните мрежи, семејството ги сподели првите честитки со кои се открива дека во нивниот свет пристигна мало девојче. Александра и нејзиниот сопруг Иван Ангелов за својата прва наследничка одбраа прекрасно, кратко и звучно име, малата принцеза ќе се вика Тина.

„Добредојде најмило бебе Тина“, стои на една од нежните честитки со розови детали, каде новопечените родители се означени како мама Александра и тато Иван.

За познатата струмичанка ова е круна на еден исклучително убав и динамичен период на приватен план. По романтичното запросување во Париз и прекрасната свадбена прослава во родната Струмица, раѓањето на Тина носи ново поглавје за парот. Пејачката неодамна ја опиша бременоста како своја „најнежна трансформација“, а сега тој пат продолжува со најубавиот нов почеток.

Искрени честитки до семејството за раѓањето на ќеркичката, здравје, радост и безгрижно детство на малата Тина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот