Фото: Принтскрин / Инстаграм

Се породи новинарката Александра Јовановска од МТВ, на свет го донесе синот Лука

Новинарката Александра Јовановска и водителка на емисиите „Наш подиум“ и „Стисни плеј“ на МТВ стана мајка. Таа денеска се породи и на свет донесе машко дете.

Александра и нејзиниот партнер Ангел го добија синот Лука, а новинарката ова го објави на својот инстаграм-профил, а претходно, шармантната новинарка не објави јавно за својата бременост. Убавата вест, прва ја сподели нејзината колешка, пејачката и водителка Јана Бурческа.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Инаку, нејзиниот партнер Ангел Здравковски е музички продуцент и ди-џеј на псај-транс музика со интернационална кариера.

„Во изминатите години неколкупати го прелета светот од Австралија до Бразил. Од него учам многу за музичката продукција. Ја анализираме домашната музичка сцена и секогаш барам мислење за новите македонски песни кои ги преслушуваме.

Заедно пораснавме, се градевме и приватно и професионално. 22 години се навистина значајна бројка, но ни тој, ниту јас сме оптоварени со времето. Не го сметаме за товар, ни за голем успех. Живееме заедно,. Секоја љубов е приказна за себе.

За нашата можам да кажам дека е совршено надополнување, во кое секој има доволно слобода да биде свој и да не се претопи во другиот “, објави Женски магазин во една прилика за нивната љубов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот