Се подготвува ново законско решение за пазарџиите, лиценците ќе останат

Ново законско решение се подготвува за работењето на пазарите. Владата, односно Министерството за економија работи на решение заедно со претставници на сите стопански комори.

Ова го најави министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање.

Според него, се одложува законското решение донесено оваа година.

– Тоа нема да опстои како решение предложено пред една година. Во меѓувреме разговараме со сите засегнати страни за да најдеме решение- изјави Бектеши, додавајќи дека остануваат на предлогот пазарџиите да поседуваат лиценца за работа.

Пазарџиите согласно постојното законско решение од јануари треба да поседуваат лиценца за работа која ја обезбедуваат едно здружение, а со новото, како што се најавува, лиценците ќе ги издаваат сите стопански комори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот