Се пензионираше Јакуб Блашчиковски, еден од најдобрите полски фудбалери во историјата

Фото: EPA-EFE/Leszek Szymanski

Долгогодишниот репрезентативец на Полска, Јакуб Блашчиковски, објави крај на професионалната фудбалска кариера.

Популарниот Куба во претходните четири години го носеше дресот на Висла Краков, а најдобрите денови ги помина во Борусија Дортмунд. За „милионеритез“ одигра повеќе од 250 натпревари, освои две титули во Бундеслигата и играше финале во Лигата на шампионите.

Исто така беше член на Фиорентина и Волфсбург.

„Секој пат има и свој крај. Благодарам на големата поддршка која ја добивав на секој чекро. Вредеше да се жртвувам. Не беше лесно да се донесе одлуката за крај на кариерата“, порача 37-годишниот крилен напаѓач.

За селекцијата на Полска, Блашчиковски одигра 109 натпревари со што е втор на вечната листа по бројот на настапи за полската репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот