Баз Олдрин и Анка Форе / Фото: Твитер/Баз Олдрин

Се ожени астронаутот од Аполо 11 Баз Олдрин со 30 години помлада невеста

Последниот жив астронаут од Аполо 11 го објави бракот со 63-годишната Анка Фаур

Легендарниот американски астронаут Баз Олдрин, член на мисијата Аполо 11 и вториот човек што чекорел на Месечината, денеска објави дека се оженил со својата долгогодишна партнерка во петокот, на неговиот 93-ти роденден.

Олдрин и Анка Форе, извршен потпретседател на „Buzz Aldrin Ventures“, го официјализираа својот брак на приватна церемонија.

„На мојот 93-ти роденден (…) Среќен сум што можам да објавам дека мојата долгогодишна сакана, д-р Анка Фаур, и јас се венчавме“, напиша астронаутот на Твитер, објавувајќи фотографија од него и Фаур, која има 63 години. Впловиме во светите брачни врски со мала приватна церемонија во Лос Анџелес (западниот дел на САД) и сме возбудени како тинејџери“, стои во објавата.

Според нејзиниот профил на LinkedIn, Анка Фаур има докторат по хемиски инженеринг од 1996 година на Универзитетот во Питсбург. Пред да се приклучи на Buzz Aldrin Ventures, таа работеше во хемиските компании Union Carbide и Johnson Matthey.

Трите претходни брака на Баз Олдрин завршија со развод.

Американскиот астронаут е последниот преживеан од мисијата Аполо 11, кога тој и Нил Армстронг станаа првите луѓе што стапнаа на Месечината на 20 јули 1969 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот