Се огласи поранешната девојка на Диди по снимката на која брутално ја тепа: „Сè уште се опоравувам“

Диди и Каси во 2016 година / Фото: Profimedia

Неодамна медиумите објавија вознемирувачки снимки од надзорни камери, на кои се гледа како американскиот продуцент и рапер Шон Комбс (54), познат како Диди, врши брутално насилство врз неговата поранешна партнерка Касандра Вентура (37), позната како Каси, во хотелот „Интерконтинентал“ во 2016 година.

Каси ја доби поддршката од многу луѓе, а сега таа реши за првпат да се огласи на својот инстаграм-профил за оваа ситуација. Имено, американската пејачка и танчерка проговори за насилството кое го доживеала, а потоа им се заблагодари на сите за поддршката.

„Ви благодарам за сета љубов и поддршка од моето семејство, пријателите, странците и оние кои допрва треба да ги запознаам. Искажувањето на љубовта создаде место каде што помладата верзија од мене може да се смири и сега да се чувствува безбедно, но ова е само почетокот. Семејното насилство е проблем. Ме скрши што станав личност што мислев дека никогаш нема да бидам. Но, со многу напорна работа, денеска сум подобро, но секогаш ќе закрепнувам од моето минато“, напиша на почетокот.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

На овој начин таа сакаше да покаже дека поддршката за жртвите е многу важна.

„Благодарам на сите што одвоивте време сериозно да ја сфатите оваа работа. Мојата единствена потреба е сите да ги отворат своите срца за жртвите. Потребно е многу срце за да се каже вистината од ситуација кога сте биле немоќни“, посочи таа.

На крајот таа рече дека е тука за оние кои се уште живеат во страв и дека тоа им го препорачува на другите бидејќи никој не треба сам да носи ваков товар. Таа објасни дека „лекувањето“ никогаш не завршува, но таа поддршка значи многу.

Потсетуваме, Си-ен-ен на 16 мај објави снимка од надзорна камера од 2016 година, која се наоѓала во хотелот „Интерконтинентал“ во Лос Анџелес.

На снимката се гледа како Каси излегува од хотелската соба и се упатува кон лифтовите. Комбс, држејќи крпа околу половината, трча низ ходникот по неа, а потоа ја фаќа за задниот дел од главата и ја фрла на подот, држејќиго пешкирот во едната рака додека таа се врти да ја клоца.

Додека Вентура е на подот, Комбс ги зема торбите од подот и се врти и повторно ја удира со тупаница додека таа лежи неподвижна на подот, а потоа ја влече кон собата. Сепак, тој ја пушта, а таа останува да седи на подот. Неколку секунди подоцна, Вентура полека станува и ги собира работите од подот и се движи кон телефонот на ѕидот од ходникот во близина на лифтовите. Неколку секунди подоцна, камерата го прикажува Комбс како седи во ходникот, налутено зема предмет од масата и го фрла.

Диди по објавата на оваа снимка се извини и изјави дека во тој момент бил свесен и презема целосна одговорност за своите постапки.

ВИДЕО | „Го допрев дното“: Прво огласување на Диди по вознемирувачката снимка на која брутално ја тепа Каси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот