Се огласи менаџерот на Аки Рахимовски: Изгледа причина за смртта е слабо срце, пејачот имаше 6 стентови

Аки Рахимовски/Фејсбук
Фото: Аки Рахимовски/Фејсбук

Синот на сега веќе починатиот Аки Рахимовски, Кристијан Рахимовски последниве денови имал претчувство дека здравјето на татко му се влошува. Менаџерот Дамир Осредечки и тој дознале за смртта на Аки нешто после 13 часот, пренесоа од хрватски „Јутарњи“.

Менаџерот пренесе до јавноста дека синот мошне тешко ја примил веста.

„Кристијан многу лошо се чувствува и не е во состојба да разговара. Секој ден се слушаа со Аки и пред дена ми рече дека му е страв за татко му, затоа што гледаше дека не му е добро“, вели Дамир.

Малкумина знаат дека во 2018 година Аки претрпе мозочен удар, но откако поминаа неколку месеци, тој отворено зборуваше како закрепнал од болеста. Тогаш тој изјави дека ги променил животните навики, иако му било тешко, но сепак се чувстувал добро. Неговиот менаџер за јавноста изјави дека причината за наглото влошување на здравјето  денес, наводно е поради срцето, затоа што Аки имал вградени шест стента.

Кога изутринава му се влошила состојбата, бил веднаш хоспитализиран, но по неколку часа, за жал Аки почина. Тажната вест ја пренесоа сите балкански медиуми, а на официјалната фејсбук страница на бендот „Парни Ваљак“ осамна црнобела фотографија на Аки со последен поздрав и стих од песна.

Почина пејачот на „Парни Ваљак“ Аки Рахимовски на 67 годишна возраст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот