Чапел Роан / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Се огласи Чапел Роан по обвинувањата дека ја расплакала ќерката на Џуд Ло: „Не мразам деца, тоа е лудост“

Пејачката Чапел Роан се огласи откако фудбалерот Жоржињо Фрело ја обвини дека нејзиното обезбедување ја расплакало неговата 11-годишна поќерка.

Во објава на Инстаграм, пејачката ја даде својата верзија на настанот, наведувајќи дека обезбедувањето не било дел од нејзиното лично обезбедување и дека таа не видела што наводно се случило.

– Не го замолив обезбедувањето да дојде и да разговара со таа мајка и дете. Навистина не го направив тоа. Тие не дојдоа, не направија ништо – рекла таа.

Роан додаде дека е „неправедно“ што обезбедувањето претпоставило „дека некој имал лоши намери, кога немало причина за тоа бидејќи никој не направил ништо“.

– Не ги мразам луѓето кои се обожаватели на мојата музика. Не мразам деца. Тоа е лудост. Жал ми е за мајката и детето, што некој претпоставувал нешто, што би направиле нешто и што се чувствувале непријатно. Тоа ме прави навистина тажна. Не го заслужувавте тоа – додала таа.

Нејзината изјава дојде откако поранешниот фудбалер го опиша она што го нарече „вознемирувачки“ инцидент во кој учествувале неговата сопруга Кетрин Хардинг, позната и како Кет Кавели, и нејзината 11-годишна ќерка која ја доби со актерот Џуд Ло. Семејството престојувало во истиот хотел во Сао Паоло како и Роан за време на музичкиот фестивал „Лолапалуза“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот