Чапел Роан / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Пејачката Чапел Роан ја расплака 11-годишната ќерка на Џуд Ло во Бразил, се огласи и градоначалникот на Рио

Поп-ѕвездата Чапел Роан е обвинета дека нејзиното обезбедување се заканувало на 11-годишната ќерка на актерот Џуд Ло и ја расплакала, откако таа случајно ја сретнала пејачката во хотел во Сао Паоло. Пејачката, чие вистинско име е Кејли Роуз Амстуц, е во Бразил за да настапи на музичкиот фестивал „Лолапалуза“, пишува „Дејли мејл“.

Обвинувањата ги изнесе на Инстаграм поранешниот играч на „Челзи“ и „Арсенал“, Жоржињо Луиз Фрело, кој е во брак со Кетрин Хардинг, поранешната партнерка на Џуд Ло и мајка на девојчето.

Фудбалерот, кој сега игра за бразилскиот клуб „Фламенго“, јавно ја критикуваше 28-годишната пејачка за односот на нејзиното обезбедување кон неговата посвоена ќерка Ада Ло.

– Денес доживеав многу вознемирувачка ситуација со моето семејство“. Мојата сопруга е во Сао Паоло за „Лолапалуза“. Нашата ќерка се разбуди утрово неверојатно возбудена, дури и направи транспарент затоа што беше толку возбудена што виде пејачка која навистина ја почитува, или барем ја почитуваше- започнал 34-годишниот Жоржињо во долга изјава.

– Случајно престојуваа во истиот хотел како и пејачката. За време на појадокот, пејачката помина покрај нивната маса. Мојата ќерка, како секое дете, ја препозна, се возбуди и само сакаше да се увери дека е навистина таа – продолжил тој.

Фото; Принтскрин / Инстаграм

„А најлошото е што таа дури и не ѝ се приближи. Само помина покрај масата на пејачката, погледна за да потврди дека е таа, се насмевна и се врати да седне со нејзината мајка. Таа не рече ништо, не побара ништо. Она што се случи потоа беше сосема несоодветно. Голем обезбедувач се приближи до нивната маса додека тие сè уште појадуваа и почна да им зборува на мојата сопруга и ќерка со исклучително агресивен тон, велејќи дека таа не треба да дозволи нејзината ќерка да ги „омаловажува“ или „вознемирува“ другите луѓе – објаснил тој.

– Искрено, не знам во кој момент самото поминување покрај маса за да се види дали има некој таму може да се смета за вознемирување. Тој дури рече дека ќе се пожали во хотелот за нив, додека мојата 11-годишна ќерка седеше таму во солзи. Мојата ќерка беше исклучително потресена и многу плачеше – напишал фудбалерот.

Тој додаде дека добро знае што е јавно изложува и ја разбира потребата за почит и граници, но сепак смета дека не се работело за таква ситуација, туку само за дето кое се восхитува на некого.

– Тажно е да се види ваков третман од оние кои треба да ја разберат важноста на обожавателите. На крајот на краиштата, тие се оние што го изградија сето ова. Искрено се надевам дека ова ќе послужи како момент на размислување. Никој не треба да поминува низ ова, особено не дете – додал тој.

Жоржињо заклучи: „Чапел Роан без твоите обожаватели не би била ништо. А, до обожавателите, таа не ја заслужува вашата наклонетост.“

Претставниците на пејачката Чапел Роан не одговорија веднаш на барањето за коментар.

Објавата на Жоржињо брзо стана вирална, а корисниците на интернет не се двоумеа да го дадат својот придонес во спорната расправија. Приказната дури и го привлече вниманието на градоначалникот на Рио, Едуардо Кавалиере, кој ѝ забрани на Роан да настапува во градот.

– Мислам дека додека сум јас на чело на нашиот град, оваа млада дама никогаш нема да настапи на „Сите се во Рио!“. Се сомневам дека Шакира би го сторила тоа! Патем, Жоржињо вашето девојче е веќе почесен гостин на организацијата во мај! -напиша Кавалиере.

Инаку, Роан претходно имала затегнати односи со некои од нејзините обожаватели и во минатото го критикувала однесувањето што го сметала за „морничаво“ и „наметливо“.

Во август 2024 година, за време на период на брз раст на популарноста, таа објави видео на Тикток во кое рече: „Не ми е гајле што злоупотребата, вознемирувањето и следењето се нормални за луѓе кои се познати или донекаде познати“.

Чапел Роан одговори на реакциите по шокантниот топлес стајлинг на Греми: „Не е толку скандалозно“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот